ЕУ ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ЗЕМЈИ ДА ЈА ПОДДРЖАТ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

/

Европската Унија ги повика сите држави да ја поддржат Светската здравствена организација, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето за организацијата, пренесува АП.

Портпаролката на Европската комисија,Вирџини Бату Хенриксон рече дека глобалната соработка е единствената ефикасна и одржлива опција за пораз на вирусот Ковид-19.

„Ова е време за солидарност.Не е време да се впери прстот или да се поткопа мултилатералната соработка“, рече Хенриксон.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОНЕДЕЛНИК 25 МАЈ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

АМЕРИКАНСКА ЛАБОРАТОРИЈА: ДОБРИ СЕ ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19

Најново од Вести