Еврокомесарот Вархеји изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во несреќата во Бугарија

//

Рано утринава пристигнаа страшни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по повод несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, а 7 се повредени, јавува БГНЕС.

„Сите мои мисли се до роднините на жртвите, на кои им изразувам сочувство, како и до пријателите на жртвите. Сочувство до сите во РС Македонија и до владата во земјата. На ранетите им посакувам брзо закрепнување “, рече Вархеји.



Претходна статија

Пендаровски и Радев изразија сочувство до семејствата на загинатите и повредените во несреќата во Бугарија

Следна статија

Сведок на трагедијата: Во автобусот имало туби со нафта- огнот започнал од предниот дел на автобусот

Најново од Вести