Евтим Спространов од Охрид: Македонската револуција е бугарска револуција
На 5 јули 1931 г. во Софија умира ЕВТИМ АНГЕЛОВ СПРОСТРАНОВ (роден во Охрид 1868 г.) виден публицист, писател, обштественик, проучувач, револуционер на ВМОРО и резервен член на Централниот Комитет. Учел во Бугарската гимназија во Солун, Духовна семинарија во Киев и Правен факултет во Москва. Еден е от основачите на Младата македонска книжевна дружина ЛОЗАРИ, председател на Софиското македонско дружество, директор на Бугарското женско училиште во Битола, инспектор на Бугарските училишта во Солунскиот санџак, деец на Сојузот на Бугарските конституциони клубови (партијата на десницата на ВМОРО). За време на Првата светска војна е управител на Охрид, кога градот е под бугарска власт, секретар е на Илинденската организација и подпредседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства во Бугарија, еден е од основачите на Македонскиот научен институт во Софија.
“Македонската револуција е Бугарска револуција. Таа е продолжение на онаа, што се почна во 1876 г. Целта ѝ беше да се ослободи Бугарскиот народ. Меѓутоа не се ослободи целосно, таа продолжува оттогаш до денес, кога узреа конечно во Македонија, се разви и зазеде големи размери. Сега прашањето е: како таква треба ли да ја започне Бугарскиот народ преку Рила, да ја подкрепи, за да се истера делото до крај? – треба. Ако тукашните Бугари не го сторат тоа, ќе го изневерат својот народ: македонците се борат и страдат како Бугари, а не како македонци.“
Од ДНЕВНИКОТ на Е. Спространов.
“Нема сомнение, дека Бугари имало во Солун уште од старо време. Макар тој да не попадал никогаш под властта на Бугарите, но тие го заобиколувале често, се обидувале да го превземат со војна и после пак отстапвале. Факт е, дека границата на цар Симеон се наоѓала на неколку километри од крепостта на градот, цар Самуил не еднаш минувал крај него за кон Тесалија, а цар Калојан загина подло под ѕидовите на самиот град. Така што Солун, заобиколен од секаде со Бугари уште од најстаро време, напаѓан од нив воено, не е возможно да не имало Бугарска колонија во својата средина. Но таа колонија не играла никаква важна културна ролја, зашто повеќе или помалку се изравнувала со грчкото христијанско население и била проголтувана од него. Процесот на погрчувањето во Солун запре од денот кога се основа Бугарска обштина. Тој ден е важен и бележит, зашто тури крај на еден погубен за нашиот народ процес, и е почеток на самостојно национално и културно битие. Тој е велик зашто се создаде нова ера за Бугарштината во родниот град на св. словенски браќа Кирил и Методи. Од тој ден започна Бугарското завојување на Солун и не веќе со воена сила, а со културна и просветителска работа.”