| |

Фанариотите сон не ги фаќа од можноста нашата Црква да добие автокефалност

Дали Грците и Србите делат исти ставови против автокефалноста на МПЦ-ОА?

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за време на своја средба со група студенти и професори од Теолошкиот факултет “Св. Климент Охридски “во Скопје, ја коментирал ситуацијата со Македонската православна црква и поконкретно чекорите преземени од Бугарската патријаршија за надминување на расколот во оваа земја. Патријархот Вартоломеј изјавил дека чекорите на БПЦ во оваа насока се погрешни и не помагаат во решавањето на проблемот. Тој рече дека ваквите сложени прашања се решаваат “чесно и отворено” . Според Вселенскиот патријарх идејата МПЦ-ОА да ја признае БПЦ за своја црква-мајка е „вештачки создадено мајчинство. Интересно е да се напомене дека и покрај крутиот став околу обидите МПЦ-ОА да ја добие својата автокефалност, цариградскиот патријарх упорно одбива да влезе во конфликт со Српската Православна Црква во однос на ова болно прашање. Кажано со други зборови, ставот на Вселенскиот патријарх (Грк) Вартоломеј звучи некако така: Ние не можеме да најдеме начин да ви помогнеме, оти не сакаме да се испокараме со СПЦ, ама и вие немате право да се здружувате со Бугарската црква за да си помогнете сами.

Едно е јасно: Фанариотите сон не ги фаќа од можноста МПЦ-ОА да ја добие својата автокефалност.

 



Слични Објави