ФЕТАИ СО ПРИТВОР САКА ДА ГИ СПРЕЧИ ДОЦНЕЊАТА НА ГРУЕВСКИ

//

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара Никола Груевски, обвинет во предметот Насилство во Општина Центар, да биде приведен, бидејќи упорно доцни на ова и на сите останати судења кај што е обвинет. Во предметот „Насилство во Центар“, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.  На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

 



Претходна статија

МИРОВНИОТ КОРПУС СО ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Следна статија

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ КОИ МЕ ЛАЖЕВТЕ

Најново од Вести