ФИЛИПЧЕ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ, ДОКОЛКУ НЕМААТ ИТНА ПОТРЕБА ДА НЕ ОДАТ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА ИТАЛИЈА
Граѓаните доколку немаат итна потреба, да ги одложат патувањата за регионот на Северна Италија, апелираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче по најновите случаи на заболени и починати од коронавирус во Италија.
„Денеска бевме во интензивен контакт со нашиот конзул во Венеција. Во овој момент нема податоци дека имаме заболени или под опсервација наши граѓани во Италија. Го замоливме конзулот доколку постои механизам тој да биде известен ако некоја група наши граѓани сака да се врати во нашата земја и на тој начин ќе имаме дополнителни информации каде и кога тие би се појавиле на граничните премини“, изјави Филипче.