Филипче: Нагло расте бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19

/

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте и дека во следните недели ситуацијата може да биде критична. Сепак, тој уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Потенцира дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, а како факт посочува дека само десет проценти од вкупно 3497 новодијагностицирани во последата седмица се вакцинирани со една или со двете дози вакцина против Ковид.

-Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата во последните денови нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со која што бројот се зголемува можеме да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична, рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од Ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.
Целиот напис прочитајте го овде.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Разбиена организирана криминална група, кривична пријава за 4 лица, одреден притвор

Следна статија

792 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 10 починати лица

Најново од Вести