ФИЛИПЧЕ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ НЕМА ДА ИМА ЕФЕКТ

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници и апелираше да се почитуваат мерките, јавува ТВ 24.

loading...

Филипче најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.



loading...

„Мислам дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници. Зошто? Заради тоа што веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе тоа е тоа за што ќе дискутираме“, изјави денеска Филипче во тв гостување.