|

Филипче: Размислуваме за дополнителни рестриктивни мерки, пред се за неваксинираните лица

„Во текот на следната недела ќе дискутираме и за други евентуални дополнителни рестриктивни мерки“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тие мерки како што вели Филипче би се однесувале на невакцинираните граѓани, имајќи предвид дека најголемиот товар во болничкиот систем доаѓа од нив.

„Можно е да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози и за други места и настани, отколку што е сега“, информира министерот.

Извор: zoom.mk

Слични Објави