Филипче со поддршка за Шилегов: Градот целосно се промени и тргна во правилна насока

/

Во пресрет на локалните избори во недела, поддршката за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и актуелен градоначалник, Петре Шилегов, пристигнува од сите страни.

Министерот за здравство и неврохирург, Венко Филипче, преку видеопорака ги повика граѓаните на Скопје да гласаат за Шилегов.

„Пред да започне изборниот молк сакам да Ви кажам зошто верувам дека Петре Шилегов мора да продолжи да го води Скопје. Резултатите за работењето на Петре се неспорни. Тие се видливи при секое движење низ градот. Нови булевари, многу велосипедски патеки и конечно, слободни тротоари“, изјавува министерот Филипче.

Петре е човек кој вистински се грижи за граѓаните, вели Филипче, додавајќи дека Шилегов е човек којзнае да препознае каде и кога треба да помогне.

„Во екот на пандемијата минатата година, Петре беше меѓу првите кој ни даде силна поддршка на нас, здравствените работници. Тој препозна колку е важно да ги насочи ресурсите на градот за да помогне во битката со пандемијата. Благодарение на Град Скопје и нашата заедничка работа, успеавме за експресно време да го средиме паркирањето во Клинички центар и да го олесниме целото движење на возила во комплексот“, вели во видеопораката министерот Филипче.



Тој додава дека со ова се обезбедила побрза здравствена услуга на граѓаните, но и поефикасна работа на службите за итна медицинска помош и додава дека Шилегов знае кои се приоритетите на граѓаните и не отстапува од нив.

„Градот целосно се промени за 4 години и тргна во правилна насока. Така мора и да продолжи. Јас во недела ќе гласам за Петре Шилегов, гласајте и Вие“, заклучува министерот за здравство, Венко Филипче.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Шилегов: Мостот „Михајло Апостолски“ испраќа порака дека Скопје повеќе не е поделено

Следна статија

Претежно облачно време со повремен дожд

Најново од Вести