|

ФОТО: Бекир Асани заминува за Катар за да ги превоспита и тамошните полицајци

Партискиот функционер на ДУИ од Чаир, Бекир „Пајак“ Асани заминува на дипломатска мисија во Катар. Тоа станува јасно по потпишувањето на Писмото за намера за зголемување на меѓусебната соработка меѓу полициите на двете земји, што денеска се случи во Доха, Катар. Домаќините на министерот Спасовски побарале Асани да биде испратен во нивната земја со специјална мисија, а имено превоспитувањето на тамошните полицајци. Последните почнале да покажуваат непочитување кон членовите на владејачката династија во Катар и своите фрустрации ги лечеле врз луксузните автомобили на шејковите. Катарците дознале за тоа како Асани ги решава тие проблеми и одлучиле дека токму тој е човекот што им е потребен.

(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови ? ).

Слични Објави