(ФОТО+ВИДЕО) Во 24 куфери носел над еден тон кокаин и бил единствен патник во авионот

/

Уапсени се и четворица членови на екипажот, од турска националност, а идентитетот на шпанскиот државјанин не се открива
Шпански државјанин е уапсен на аеродромот во Бразил во авион во кој полицијата пронашла еден тон и 304 килограми кокаин.

Шпанецот, чиј идентитет не се открива, бил единствениот патник во авионот, пишува „Ел Паис“.

Уапсени се и четворица членови на екипажот, од турска националност. Според полицискиот извештај, дрогата била спакувана во 24 куфери кои му припаѓале на единствениот патник.

Авионот полетал од град во близина на Сао Паоло и неговата дестинација бил Брисел, но застанал во Ресифе поради имиграциски процедури каде интервенирале безбедносните сили.



Полицијата објави видео на кое се гледа моментот кога пратката е откриена. Се гледа патник со маска на лицето како седи на своето место, на маса со голем куфер.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Шекеринска: Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово

Следна статија

Град Скопје со по 10.000 денари ќе ги награди пожарникарите

Најново од Вести