(ФОТО)„ЖИВОТ ЗА СИТЕ“- АМА ЕТНИЧКИТЕ КВОТИ ЗА ВРАБОТУВАЊА УШТЕ СЕ ВО МОДА
Македонија продолжува да биде земја во која не е важно какви квалификации и работно искуство имаш за одредено работно место, туку како услов се поставува етничката припадност. Македонија требаше да биде еднаква за сите, ама како што станува јасно од фотографијата што следи, е поеднаква само за некои. Како и кога ќе се изгради граѓанско општество во кое луѓето нема да се делат на тоа, каква е нивната етничка припадност, туку дали се способни или не, сѐ уште не се знае. Кога компетентноста и знаењето ќе излезат на преден план исто така. Додека тоа се случи народот ќе биде замајуван со теми блиски по својата (не)значајност како например колку време трае бременоста на големиот глодар нутрија или зошто Швајцарциве правеа орли на светсково во фудбал, а во огласите за вработувања ќе читаме дека ако не си Македонец или Албанец бадијала ќе конкурираш за одредена работна позиција, па ти биди си специјалист, тоа и не е од голема важност.