|

(ГАЛЕРИЈА) АНСАМБЛОТ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ЌЕ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛОТ „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ВО СРЕДИНАТА НА СЕПТЕМВРИ

Ансамблот „Љупчо Сантов“ од Оризари доби покана за учество на 35-тото јубилејно издание на ЦИОФФ Меѓународен Фолклорен Фестивал „Истибањско Здравоживо“ кој ќе се одржи во периодот од 11-ти до 17-ти септември 2020 година. Поради ситуацијата со пандемијата КОВИД 19, фестивалот ќе биде организиран преку online учество на ансамблите од Македонија и светот.

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари е симбол на македонската култура, посветен на највредните и најстарите битови на македонскиот народ од Осоговијата. Ансамблот опстојува, работи и го негува изворниот фолклор во Оризари над 40 години, со голем број домашни и меѓународни гостувања. Има земено учество на сите национални фестивали во Р. Македонија и во странство и освоено голем број домашни и меѓународни награди. Во составот на ансамблот има над 150 членови, поделени во играорни групи во Оризари и Зрновци. Во состав на ансамблот има и оркестар за изворни народни инструменти.

За оваа прилика ФА „Љупчо Сантов“ во дворот на црквата Св. „Атанасиј Велики“ во Оризари, снимаше видео материјал и беа направени неколку фотографии за да земе активно учество по пауза од неколку години на годинешното издание на ЦИОФФ Меѓународен Фолклорен Фестивал „Истибањско Здравоживо“.
Во продолжение ќе ги погледнете фотографиите од членовите на ансамблот, а по завршувањето на „Истибањско Здравоживо“ ќе биде објавен и видео материјалот.

Слични Објави