(Галерија) „И не би час“: Преземени мерки против дивите кампери во Љубаништа со помош од полицијата
Како што објави Макфакс, крајбрежјето кај Љубаништа во Охрид цела сезона досега беше запоседнато од диви кампери кои оставаа смет и фекалии зад себе отворајќи им работа на охридските надлежни служби.
Оттаму, пак, јавуваат дека денеска со учество на надлежните служби и соработка на ЈУНП Галичица, Граничната полиција ПС за ГП и ГН-Св. Наум, СВР Охрид и пазарната инспекција, беа преземени соодветни мерки за заштита на животната средина и одржување на чистотата на оваа прекрасна плажа.
„И јас не би час“, велат туристите кои биле сведоци на акцијата.
Оваа акција ги подигна свесноста и потребата од одговорно користење на природните ресурси, велат од Јавната установа Национален парк Галичица.