(Галерија)Тркалезна маса за проблемите во трансграничната спортска подготовка и можностите за обуки на Националната спортска академија во Софија

//

Тркалезна маса на тема „Проблеми со транс-граничната реализација на спортска подготовка и можности за постдипломски обуки на Националната спортска академија во Софија“ се одржа на 8-ми декември во конгресниот центар „Воденица“ во Скопје.

На тркалезната маса организирана од невладината организација „Арт моторспорт“ со прв човек проф. д-р Константин Ангеловски, професор на НСА во Софија, и еден од пионерите на моторните спортови во РС Македонија, беа присутни и претставници на бугарската амбасада, на чело со амбасадорот на Р. Бугарија Ангел Ангелов и првиот секретар на амбасадата Петар Петров.

Во работниот дел на тркалезната маса спортските работници кои присуствуваа ги искажаа своите видувања во однос на тоа како Бугарија и РС Македонија можат да соработуваат на полето на спортот, потенцирајќи врз заедничкото работење и конкурирање за проекти финансирани од европските фондови.

На настанот поздравен говор имаше амбасадорот на Р.Бугарја, Ангелов, кој ги увери присутните дека бугарските дипломатски претставништва во РС Македонија ќе работат напорно и ќе помогнат со сите свои капацитети за да се создадат потребните услови македонски и бугарски спортисти да тренираат низ спортските објекти во Бугарија и РС Македонија без поголеми бирократски или други препреки.

Во своето излагање Ангелов ја подвлече важноста и на Коридорот 8, за поврзувањето на двете земји и полесната комуникација и мобилност на спортистите од двете страни на границата.



Организаторот на настанот проф. Ангеловски претстави пред присутните мулти медијална презентација поврзана со проблематиката на транс-граничната соработка на спортистите од Р. Бугарија и РС Македонија и подвлече дека директниот контакт меѓу членовите на различните спортски федерации во двете земји е најдобриот начин за остварување на посакуваните резултати.

На тркалезната маса присуствуваа и спортски работници од РС Македонија, кои своето високо образование го завршиле на Националната спортска академија во Софија.

Погледнете ја галеријата од овој настан:

Претходна статија

Ивановска од Антикорупциска за несреќата во Бугарија: За 50 евра, отидоа 50 луѓе

Следна статија

Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ да направи нормална десничарска партија, Заев одигра една од клучните улоги

Најново од Вести