(Галерија) Во Битола и Скопје одбележан 3-ти Март- Националниот празник на Р. Бугарија

//

Вчера со активности во Битола и Скопје беше одбележан националниот празник на Бугарија 3 Март, денот на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор и возобновувањето на Третата бугарска држава, по 500 години османлиско владеење.

Во Битола каде што се спроведе и официјалната прослава беше отворена реновираната зграда на Генералното конзулство на Р. Бугарија. По овој повод генералниот конзул Димитар Иванов истакна дека во оваа зграда сите граѓани ќе можат да добијат услуги во удобни и современи услови.

Во својот говор Иванов истакна дека зградата како врвно дело на архитектурата со повеќе од стогодишна историја, треба да биде мост на соработката и пријателството. Во своето излагање генералниот конзул потсети дека за слободата на Бугарија рамо до рамо се бореле руски, украински, фински, романски и војници од други националности и изрази жалење поради фактот што денеска во 21 век се води војна во Украина и повика на запирање на воените активности од страна на Руската федерација.

„Мирот нема алтернатива. НЕ на војната“, рече Иванов и повика во знак на благодарност кон украинскиот народ присутните да ја изразат својата солидарност со ракоплескање.

Амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, го честиташе државниот празник на Бугарија, истакнувајќи дека овој празник не обединува во споменот за нашите предци и во тоа што сакаме да им оставиме ние на нашите деца и внуци.

„Горд сум што токму на 3 март можеме да ја откриеме реновираната зграда на Генералното конзулство на нашата земја во Битола“, истакна Ангелов.



На свеченото отварање на реновираната зграда на бугарскиот Конзулат во Битола беа присутни голем број на македонски Бугари од Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Кичево, Кавадарци и други градови од РС Македонија.

Во Скопје националниот празник на Р. Бугарија беше одбележан со осветлување на зградата на бугарската амбасада во боите на бугарското државно знаме и со смена на почесниот караул на бугарската гарда.

На настанот беа присутни голем број македонски Бугари и пријатели на Бугарија од РС Македонија.

Претходна статија

Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата

Следна статија

(Галерија) Амбасадорот Ангелов и генералниот конзул Иванов го посетија Техничкото училиште во Битола

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да