| |

ГДУ: Бараме да се увезуваат само лекови од земјите членки на Европската Унија

Квалитетот и безбедноста на лековите мора да биде на прво место.Законските измени со кои продолжува паралелниот увоз на лекови, а за кои Собранието даде зелено светло во прво читање сметаме дека не се гаранција за тоа. 
Со измените ќе се бара сертификат за квалитет, а како граѓаните во оваа држава да бидат сигурни дека тој нема да се фалсификува? Притоа кој ќе го испитува квалитетот на лековите?Мора да има проверка и мора да се смени начинот на набавка!Нема никаква гаранција дека во Македонија ќе се увезуваат безбедни лекови. Доста е играње играчки со здравјето на граѓаните и носење на закони како што на некој ќе му текне, полни со нејаснонотии и контроверзии.Не менувате ништо суштинско!
Погледнете ја европската регулатива. Тоа всушност од вас го бараат и пациентите. Таму има строги правила и одредби како се врши увоз на лекови. Не може да се земат само одредени одредби од некој европски закон и после да се вадиме дека ја следиме европската регулатива, а манипулациите си продолжуваат. Откако почнаа да се увезуваат лекови од Турција, а 99 отсто се увезуваат од таму почнаа и проблемите на пациентите и сомневањата за квалитетот. Ова мора да заврши!
ГДУ бара да се увезуваат лекови само од земји членки на Европската унија. Лек внесен со паралелен увоз од членки на ЕУ е претходно контролиран од специјализирани лаборатории во Стразбур и Лондон. Такапациентите ќе бидат сигурни!
Апелираме пред да се донесе Законот таков како што помина во прво читање, да се направи уште една анализа. Пациентите се сомневаат и имаат право, со оглед на претходните искуства!
Во државата преку паралелен увоз на лекови влегуваат сомнителни лекови за кои не се знае како се транспортирани и чувани, немаат сертификат директно од производителите, туку се внесуваат од трети земји преку разни канали и веледрогерии.За хаосот со лековите во последните пет години некој мора да одговара! Тоа е прв чекор за да се врати довербата на граѓаните, се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија-ГДУ.



Слични Објави