ГЕНЕРАЛ ХАЏИЗАДЕХ: ИРАН Е ПОДГОТВЕН ЗА ВОЈНА

Првиот човек на иранската Револуционерна гарда генерал Амир Али Хаџизадех изјавил дека американските бази и носачи на авиони се во досегот на иранските ракети, само еден ден откако јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Техеран, со дронови ја нападнаа најголемата саудиска рафинерија.

Информативната агенција Тасим, го цитира генералот кој кажал дека „Иран е веќе подготвен за војна“.