Георгиевски ќе се бори за златниот медал против Ларин во 14.45 часот

//

Македонија денеска го слави првиот медал на Олимписките игри во Токио благодарение на Дејан Георгиевски кој забележа досега три победи на таеквондо турнирот во категоријата над 80 кг.

По 21 година чекање нашата земја повторно се закити со олимписки медал од Летните олимписки игри, првиот го освои Могамед Ибрагимов во борење на Игрите во Сиднеј 2000.

Уште пред самиот старт на турнирот Георгиевски најави дека атакува на медал, еве тоа сега стана реалност, се наоѓа на чекор од освојување на олимпиското злато, што би било секако прво во историјата на Македонија.



Денеска ќе ги стискаме палците уште еднаш за нашиот Дејан, според програмата од 14.45 часот (според македонско време, а 21.45 часот локално во Токио), Македонецот ќе ги одмери силите против претставникот на Рускиот Олимписки комитет, Владислав Ларин.

Претходна статија

Лабораториска студија покажа: Бројот на антитела во пад 6 месеци по вакцинација со „Синовак“

Следна статија

Заев: Датумот на изборите е 17 октомври

Најново од Вести