Германската министерка најави обука на украински војници во Германија

/

Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, најави обука на украински војници на германска територија.

„Заедно со американските пријатели работиме на обука за украински војници на германска територија“, рече таа во американската база „Рамштајн“, каде што украинските војници ќе се обучуваат за западни артилериски системи.

Таа најави и дека Германија заедно со Холандија ќе обучува украински војници за употреба на хаубици, како и дека ќе ѝ стави на располагање муниција на Украина.



Таа во своето обраќање на конференцијата во Рамштајн, како што пренесуваат германските медиуми, рекла и дека Германија одлучила да овозможи испорака на тенкови „Гепард“ во Украина.

Извор: Temite



Претходна статија

(Видео) Еве како работи пропутинската фејк пропаганда на социјалната мрежа Facebook

Следна статија

Арсовска: Потребна е зголемена финансиска стабилност, за преземање поголеми надлежности на локалната власт

Најново од Вести