ГЕРОСКИ: ГОСПОДИНЕ ЖБОГАР, РИЈАЛИТИ ШОУТО БЕШЕ ПРЕД ВАШИОТ НОС, САМО НЕ САКАВТЕ ДА ГО ВИДИТЕ!

//

„Помогнете ни, Ваша екселенцијо, ама на тој начин што заедно со нас ќе барате брза, ефикасна и сеопфатна истрага, како и политичка одговорност за аферата „Рекет“. А не и Вие да заговарате скандалот да се релативизира и да се бара одговорност кај сите, само не кај луѓето кои се најодговорни за состојбите во земјата. Тоа не е баш европски и би можело да значи вовед во едно ново ријалити шоу, чиј наслов би можел да биде „1984“.

Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека за нашата земја оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција.

Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку важни допрецизирања и појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Бојан Јoвановски, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“, напиша Героски.

Целиот напис прочитајте го овде.





Претходна статија

УКИНАТО Е БАРАЊЕТО НА ВИЗИ ЗА СТУДЕНТИ СО БУГАРСКО ПОТЕКЛО

Следна статија

ОПШТИНА ОХРИД СО МОЛК ЈА БРАНИ ДИРЕКТОРКАТА НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ГОРДАНА ЈОВАНОСКА

Најново од Вести