ЃОКОВИЌ УШТЕ ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ НА БРОЈ 1, ПА ЌЕ МУ ГО ОТСТАПИ МЕСТОТО НА НАДАЛ
Новак Ѓоковиќ се наоѓа на првото место на најновата АТП ранг-листа, но тоа нема да биде случај идната недела.
Србинот идната недела ќе има минус 1.600 бодови, бидејќи ќе му се избришат бодовите освоени лани на мастерсот во Париз и завршниот мастерс во Лондон. Ѓоковиќ моментално има 9.545 бодови, само 320 повеќе од второпласираниот Надал, па јасно е дека од следната недела ќе биде втор на листата.
Роџер Федерер е трет на листата со 6.950 бодови, следуваат Данил Медведев, Доминик Тим, а најдобрите 10 светски тенисери ги комплетираат Александер Зверев, Стефанос Циципас, Карен Хачанов, Матео Беретини и Роберто Баутиста Агут.
Извор: Спорт1