| |

ЃОКОВИЌ ВО ТРАНС ЗА Ц. ЗВЕЗДА: ЈАС ВАКВО НЕШТО ВО ЖИВОТ НЕМАМ ВИДЕНО – СКОКАВ НИЗ ТЕРЕТАНАТА!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој е голем навивач на белградска Црвена Звезда објави дека еуфорично ја прославил антологиската победа на црвено-белите синоќа после епскиот трилер во пенал-рулетот во Копенхаген, каде беа изведени дури 22 удари од белата точка.

Ѓоковиќ во Синсинати успешн го започна турнирот со победа против Сем Квери со 7-5,6-1, ама многу повеќе ѝ се израдува на победата на Ц. Звезда отколку на својот пласман во второто коло. Белградскиот тим после 120 минутии ремито 1-1, победи во пенал рулетот во кој имаше девет утки, а двапати црвено-белите беа на работ на амбисот и се спасуваа, за на крај да се радуваат.

„Можеби за мојот меч бев и малку нервозен, зашто на три минути пред да влезам на терен, јас скокав како луд низ теретаната поради Ц. Звезда. Се загревав и го следев мечот со Горан (Иванишевиќ – н.з.) и целата екипа од бивша Југославија. Ова е неверојатен успех. Честитки за сите во Ц. Звезда. Јас во живот немам видено вакво нешто. Секоја чест! Секоја чест за Борјан, кој одбрани толку пенали“, рече Ѓоковиќ.

Извор: Спорт1

Слични Објави