|

Ѓорчев: Заев ни го честита денот на демократијата, а Македонија е хибриден режим

Канидатот со 99,9 % ни честита демократија? Автократот на хибридниот режим, во “делумно слободна” земја, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил.

Тој додава:

Затворите се полни со политички затвореници. Судството го наполнија со послушници. Го исклучија Максо од партија, Стојко го разрешија.

Лакрдија. Потепаа 1.000 со кластер “ажурирање на членство”. Плус уште 1.000 мртви од ковид додека глумеа “нормалност” на внатрепартиски избори во кои единствениот кандидат Зоки доби 99,9 %.

Струмица е станата пашалак на грст луѓе, а сега тоа го прават со цела Македонија. Станавме Заевистан во полна смисла на зборот.

И тој честита демократија?! Отвори се земјо, голтни не’ од срам. Срамота и брука. Ни срам, ни перде, порачува Ѓорчев.

Инаку, денеска е 15 септември, што во светот се одбележува како Ден на демократијата.



Слични Објави