| |

Главчев: РСМ треба да ги следи правилата ако сака да биде дел од ЕУ

Нашиот став во однос на РС Македонија е конзистентен. Ова го изјави службениот премиер на Бугарија Димитар Главчев, јавува БГНЕС.

„Правилата важат за сите кандидати за членови на која било организација. Станува збор за ЕУ. Кој сака да стане членка на ЕУ мора да ги почитува барањата на другите земји-членки. Ова е ставот“, потенцира Главчев.

Тој потсети дека на 1 август 2017 година е склучен Договор за пријателство и добрососедство со РСМ. „Ние сме доследни во поддршката за европската перспектива не само на РСМ, туку и за сите земји од Западен Балкан. Но, условот останува ист: ако некој сака да се приклучи, мора да ги почитува правилата“, категорично изјави премиерот Главчев.

Слични Објави