ГЛАВНИОТ БРИТАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ДАДЕ ОСТАВКА, ГИ ПРЕКРШИЛ МЕРКИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА ЗА СРЕДБИ СО НЕГОВАТА ЉУБОВНИЦА

//

Епидемиологот Нил Фергусон, кој беше еден од главните советници на британската влада за коронавирусот, даде оставка откако ги прекршил правилата за изолација и имал средби со неговата љубовница.

Професорот, кој го советувал премиерот Борис Џонсон да воведе карантин и држел јавни говори дека граѓаните мора да ги почитуваат строгите мерки за изолација и физичка дистанца, поднесе оставка од функцијата советник откако во јавноста се дозна дека тој ја примал во својот дом неговата девојка, која инаку е мажена, пишува британски „Телеграф“.

Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот колеџ Империјал рекол дека направил грешка во проценките.



„Прифаќам дека направив грешка во проценките и дека постапив погрешно. Затоа отстапив од САГЕ, Агенција за научно советување на владата за вонредни состојби. Се однесував како да сум имун, откако речиси две недели поминав во изолација кога бев тестиран и бев позитивен на коронавирус. Длабоко жалам поради какво било потценување на пораката дека физичкото дистанцирање е постојано потребно за контрола на оваа разорна епидемија. Владините насоки се недвосмислени и постојат да нè заштитат“, рекол Фергусон.

Британските медиуми наведуват дека неговата оставка е удар за владата и министрите кои тој ги советувал. Тој станал еден од најистакнатите членови на САГЕ, а во март предупреди дека 250.000 луѓе би можеле да починат ако Велика Британија не ги примени сите мерки за физичка дистанца.

Претходна статија

БРИТАНСКИ ГЕНЕТИЧАР: КОРОНА ВИРУСОТ МУТИРА, НО ЗАСЕГА НЕ СТАНУВА ПООПАСЕН

Следна статија

СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО МИЧУРИН, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Најново од Вести