Гонзалес го соопшти конечниот список: Ова се 19. патници за ЕП во Хрватска!

//

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес го соопшти конечниот список на играчи на кои ќе смета на престојното Европско првенство кое се игра во Хрватска.

Шпанскиот стратег ќе смета на 19 ракометари и тоа голманите Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски, бековската линија ја сочинуваат  капитенот Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, столбовите на одбраната ќе бидат Аце Јоновски и Велко Марковски, крилните позиции ги пополнуваат Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески, а пак улогата на кружни напаѓачи ќе ја имаат Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.  (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Ѓоковиќ се врати од повредата победнички, па потоа загуби од пензионер!

Следна статија

Бугари создаваат соларен авион на иднината

Најново од Вести