Горгиев: Се соочувам со закани од некогашни соборци само поради тоа што ја зборувам вистината

/

Еден од поддржувачите на протестите против поранешната власт на Никола Груевски, кој често беше во придружба на генералот Стојанче Ангелов и неговата сопруга, член на Достоинство, Благојчо Горгиев од Кочани, испрати текст до нашиот портал во кој вели дека се соочува со закани, меѓутоа не од луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, туку од некогашни негови соброци.  „Бидејки сум еден од најголемите гласноговорници за правда на Општеството и борба против Режимот на Никола Груевски и нивното недомаќинско трошење НАРОДНИ ПАРИ, ИСТОТО продолжив да го правам и во сегашната власт, бидејки гледам дека правда, мир и спокој за обичниот Граѓанин нема! Се соочувам со закани од некогашни соборци, наместо да го демантираат јас што го пишувам тоа тие се закануваат-НАЈВЕРОЈАТНО затоа што ВИСТИНАТА ги Боли!!! Една порака од мене до Граѓаните: Викаат наведната глава сабја не ја сече, но секојдневно ке ве удираат со рачката по главата!!! Затоа јас одлучив да ја кренам Главата Гордо, подобро еден ден Лав отколку цел живот ОВЦА, вели тој.

Претходно во неколку наврати на својот ФБ профил, Горгиев јавно испраќа пораки и упатува прашања до министерот Љупчо Николовски, истовремено потсетувајќи го дека тој лично, во инвалидска количка бил покрај министерот во периодот на политичка кампања.

Благојчо вели: Заканите кои дојдоа до мене се поради мојата јавна објава на социјалните мрежи дека близок другар на Министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство е претседател на одборот на директори на а.д.Водостопанство а сега е и овластен потписник и истиот има ангажирано Агенција за обезбедување во која и самиот сеуште е вработен.

Благојчо Горгиев е познат лик на македонската јавност бидејќи истиот беше кандидат за пратеник од редовите на коалицијата „ВМРО за Македонија“ а претходно истиот често ја даваше својата поддршка на протестите против поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ.



Извор: Поглед

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во собрание

Следна статија

На Клиниката за траумaтологија починало 15 годишно момче при операција на колено

Најново од Вести