Гостивар ќе ги донира парите определени за украсување на Новата година

/

Преку објава на својот фејсбук профил градоначалникот на Гостивар посочи дека буџетските пари, што се определени за украсување за Новата година, ќе ги донира во Центарот за аутизам, кој се гради во Гостивар.

Со гордост можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишнитe празници, јас и мојот тим планираме да ги донираме во Центарот за аутизам што се гради во градот. Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам, вели во објавата градоначалникот на Гостивар.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Во претходното деноноќие регистрирани 528 новозаболени од Ковид-19, 327 оздравени и шест починати

Следна статија

(Видео)Перев: Некој се обидува да ја префрли вината за доцнењето на евроинтеграцијата на РС Македонија на туѓа држава, претходно тоа беше Грција

Најново од Вести