|

Град Скопје: Започна реконструкција на пешачкиот мост на Вардар, во општина Центар

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје, велат од таму.

Појаснуваат дека дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

„Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта““, потенцираат од Град Скопје.

Слични Објави