Грција предлага формирање европски фонд за справување со високите цени на природниот гас

/

Формирање европски фонд во висина од 80 милијарди евра за справување со последиците од високите цени на природниот гас, предлага Грција, преку писмото до извршниот потпретседател на ЕК надлежен за европскиот зелен договор Франс Тимерманс и до комесарот за енергетика Кадри Симсон, испратено од министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пресрет на вонредниот состанок в петок на министрите за енергетика на Унијата, Скрекас во писмото предлага воведување специјална такса од десет евра по термален мегават час за европските компании за производство на електрична енергија за количините природен гас што се користат исклучиво за производство електрична енергија, а овие средства би се насочиле во конкретниот европски фонд.

Грчкиот министер истакнал дека оваа такса, доколку се примени, според проценките, годишно би донела девет милијарди евра за ЕУ, врз основа на потрошувачката од 2021 година.

Овој износ, според Скрекас би можел да се комбинира со ниско каматен заем од 80 милијарди евра од Европската инвестициска банка.

Средствата од фондот би се користеле за поддршка на ранливите категории и на малите и средните бизниси во услови на зголемени цени на природниот гас; за ​​финансирање инвестиции во алтернативни горива, како зелен водород и биометан; за покривање на вонредните потреби на енергетските компании, поради нивните напори за замена на рускиот природен гас; за ​​проширување и модифицирање на инфраструктурата неопходна за замена на рускиот природен гас, како и за замена на природниот гас со друго гориво и за зголемување на енергетската ефикасност.



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Ристо Пенов прифатил да биде министер

Следна статија

За една седмица зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намалени смртните случаи

Најново од Вести