Х. Кисинџер: Нуклеарната програма на Пјонгјанг е главниот проблем на меѓународната заедница
Проблемот со нуклеарната програма на Северна Кореја е “најитниот” предизвик пред меѓународната безбедност и стабилност. Признавањето на нуклеарниот статус на КНДР ќе ги натера, Јужна Кореја и Јапонија, исто така, да сакаат да создадат сопствено нуклеарно оружје.
Официјалното признавање на правото на Пјонгјанг да има такво оружје ќе доведе и до намалување на американските можности за ограничувањето на другите земји кои сакаат да развиваат оружје за масовно уништување. Чувањето на корејскиот полуостров од развој на нуклеарното оружје е фундаментална задача на меѓународната заедница.
САД треба да се воздржат од унилатерални дејства во однос на КНДР. Намерата за регулирање на проблемот со Северна Кореја со превентивен напад е одлично. Но, би ја советувал американската администрација да не започне еднострана војна во близина на границите на Кина и Русија. Значаен дел од светската заедница нема да нѐ поддржи.
САД треба да добијат поддршка од Кина во извршувањето на притисокот врз КНДР, таа да се откаже од развојот на нуклеарното оружје. Руско-кинеската иницијатива, која предвидува мораториум нуклеарните тестирања и ракетните тестови во Северна Кореја во замена за прекин на вежбите во регионот со учество на САД, може да доведе до уништување на воените сојузи.
Автор: Хенри Кисинџер (поранешен државен секретар на САД)