„Хабертурк“: За еден месец турската армија ќе стигне до Африн

//

Весникот „Хабертурк“ јавува дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец турската армија во рамки на операцијата „Маслиново гранче“ ќе стигне до сирискиот град Африн. Според планот на турската армија, територијата на градот ќе биде поделена на 14 зони за дејствување, заедно со три коридори за извлекување на цивилите од градот. Турција на 20-ти јануари започна воздушна и копнена операција во северните делови на Сирија против вооружените милиции на сириските Курди.



Претходна статија

Рамуш Харадинај: Нема да го укинеме специјалниот суд за Косово

Следна статија

Макфакс: Прес-конференција на Никола Димитров и Метју Нимиц (ВО ЖИВО)

Најново од Вести