|

Хакиран профилот на Бујар Османи на „Твитер“, министерот пријавил во полиција

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопшти дека неговиот профил на „Твитер“ е хакиран и во моментов е надвор од негова контрола.

„Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица”, објави синоќа Османи.

Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”.

Профилот е преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.

Извор: zoom.mk



Слични Објави