|

Хакирана Фејсбук страната на ОБСЕ во Македонија

Дваесетина дена откако РС Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на Facebook на оваа организација е преземена со хакерски напад.

Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук.

„ОБСЕ знае дека Фејсбук профилот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакиран. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, стои во објавата.

Извор: zoom.mk



Слични Објави