ХАОС И МЕТЕЖ ПРЕД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО КУМАНОВО

/

Одлуката за 24-часовен карантин на Куманово предизвика сериозен хаос во градот, јавува Кумановски муабети.

Метеж во сообраќајот, долги редици пред скоро секој маркет и аптека.

Граѓаните масовно излегоа од домовите да се снабдат со потребните намирници за претстојниот викенд во кој на сила ќе биде целосна зарабана за движењето почнувајќи од вечерва од 21 часот.



Одлуката следува по неодговорното однесување на граѓаните кои не ги почитуваа препораките за намалено движење со што значително започна од ден на ден да расте бројот на заболени.

Сепак, остра критика добија надлежните за краткиот период во кој им ја соопштија ваквата одлука на кумановци. Тоа ги натера да излезат сите од своите домови во набавка на намирници, кои не успеале да ги набават претходно.

Претходна статија

ПАЦИЕНТИТЕ СМЕСТЕНИ ВО БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ НАЈАВУВААТ ШТРАЈК СО ГЛАД

Следна статија

ГЛИГОРОВА: ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА СФАТИ ДЕКА ВО МОМЕНТОТ СЕ РАБОТИ ЗА ОПСТАНОКОТ НА ЛУЃЕТО

Најново од Вести