Хидратантна маска со банана

/

Во зима кожата на лицето и рацете е особено ранлива поради студот, ветрот и врнежите. Во студените месеци кожата е подложна на прекумерно сушење, што од своја страна може да доведе до формирање на несакани брчки, како и пукнатини на кожата. За да ги избегнете овие непријатни последици предизвикани од зимските услови, важно e редовно да ја навлажнувате кожата. А најлесниот начин да го правите тоа е преку лесни, брзи домашни маски.

Хидратантна маска со банана

Што ви е потребно?

1 банана



¼ чаша јогурт

2 лажици мед

Изгмечете ја убаво бананата. Потоа ставете го јогуротот и медот и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на добро исчистена кожа и оставете ја да делува околу 30 минути. Исплакнете со топла вода.

Претходна статија

Знаци кои покажуваат дека не му се допаѓате

Следна статија

Убавините на Земјата (ВИДЕО)

Најново од Магазин