Хоџа убеден дека Касами ќе ги добие изборите во Тетово, Села без коментар: 17 октомври е тука и ќе видиме

/

Генералниот секретар на Движење Беса, Арјанит Хоџа е убеден дека лидерот на партијата, Биљал Касами ќе биде идниот градоначалник на Тетово.

„Секаде каде што има повеќе од двајца кандидати невозможна е победа во првиот круг, со сегашните констилации, затоа, не зборувам за прв круг, зборувам за победа, зборувам дека во Тетово Биљал Касами ќе биде идниот градоначалник.“, рече Хоџа.

Победа очекуваат во вториот круг со победа над Теута Арифи како кандидат на ДУИ. Ова го базираат на спроведените анкети. Но, Хоџа со ова остава простор да се сфати дека албанската опозиција АА-ААА нема да помине во вториот круг. Лидерот на АА, Зијадин Села вели дека тоа ќе се види на денот на изборите.

„Немам коментар. 17 октомври е тука и ќе видиме.“, рече Села.

Од друга страна, Хоџа гарантира дека за нивната победа во Тетово нема да има помош од страна на СДСМ, бидејќи, како што вели, “се расипува владиниот баланс“. Тврди дека во вториот круг ќе ловат гласови на СДСМ.

„Гласачите на СДСМ во 2020 за носител на листа го гласаа Биљал Касами за пратеник, која е причината да не го гласаат за градоначалник?“, прашува Хоџа.



Првиот круг од изборите ќе послужи за одмерување на силите меѓу владините партии.

„За да го потврдиме нашиот политички потенцијал како политички субјект, пред коалициониот партнер нои и пред себе имаме обврска да видиме до каде сме за една година на власт, дали сме на правиот пат или не.“, вели Хоџа.

Во сите општини за кои сериозно претендираат, Хоџа вели дека трката се одвива меѓу Беса и ДУИ, затоа додаде дека може да се случи во неколку општини овие две партии да се соочат и во вториот круг.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна за трагедијата во Тетово, Џафери го одбил барањето оти во него го немало уставното име

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна за трагедијата во Тетово, Џафери го одбил барањето оти во него не стоело уставното име

Најново од Вести