|

Холштајн: Веб-страницата за добивање германска работна виза во првите неколку часа имала над 50.000 прегледи

Веб-страницата на која може да се аплицира за работна виза во Германија и важи за државјани од Западен Балкан за неколку часа имала над 50.000 прегледи, објави денеска германската Амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил.

На 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан.

-Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање. Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето, напиша германската амбасадорка Анке Холштајн во објавата на Фејсбук профилот на германската Амбасада во Скопје.

-Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас, додаде Холштајн.

Извор:zoom.mk



Слични Објави