Хороскопските знаци и Св. Валентин- што да подарите?
Утре е Св. Валентин… Ден кој не потсетува дека треба да ја покажуваме нашата љубов кон партнерот/ партнерката секој ден, со мали гестови, убави зборови и кратки љубовни посвети. Што да подарите на вашиот/ та сакан/а личност? Погледнете што би им се допаднало според нивниот хороскопски знак:
Овен
Овенот како прв знак во хороскопот сака да поседува иновативни предмети. Тоа значи дека би се импресионирал од подароци, кои никој друг ги нема или ретко кој ги има. Размислете за нешто динамично, неочекувано и целосно приспособено кон интересите на Овенот. Билети за концерти, викенд на планина, спортски комплет и нешто црвено се погодни за подарок за Денот на вљубените.
Бик
Иако знае како да се справи со финансиите, никогаш не е доволен луксузот за претставникот на знакот Бик. Додека вие најверојатно ќе бидете во искушение да го изненадите со нешто скапо како подарок, нешто екстравагантно, размислете во друга насока. Купете ароматични свеќи, добро пенливо вино, направете магична вечера за двајцата. Направете му/и сензационална масажа со етерични масла, а потоа нека ве води вашата фантазија.
Близнаци
Поради нивната двојна природа, купувањето подарок за денот на вљубените за Близнаци не е лесно. Едно нешто што сигурно ќе им се допадне се општествените настани. Можете да им дадете ваучер за некој семинар, обука. Екскурзија е исто така добра идеја.
Рак
Ако сакате да импресионирате претставник на овој знак, мислете надвор од границите. Започнете со цвеќиња, романтичен доручек и љубовна картичка. Потоа изненадете ги со подарок за декорација за дома или убав накит.
Лав
Сјајот е дел од душата на Лавот. Затоа е многу важно како ќе помине романтичната вечера. Мора да има романтика, убава глетка, убава музика… Подарок за денот на вљубените може да биде убава книга, парфем, ваучер во студио за убавина каде што ќе се истакне убавината на Лавот.
Девица
Девиците освен што се перфекционисти и супер наредени личности, тие се и колекционери. Сакаат да го развиваат своето хоби. За претстојниот празник на вљубените може да ги израдувате со музичка колекција, книги, нешто поврзано со нивното хоби. Родените под овој знак сакаат да се грижат за себе и да внесуваат повеќе удобност во својот живот. Подарете им убава природна козметика, етерични масла, бања соли и сè што ќе им донесе удобност.
Вага
Било што да одберете мора да биде убаво. На Вагите им одговара облека, прибор, декоративни предмети и се што ја разубавува нивната околина од естетска гледна точка.
Како подарок одговара и некоја вечерна гардероба, затоа што водат богат социјален живот и често одат на
забави. Освен тоа можете да им подарите и интересни книги, уметнички предмети, членство во некој музеј,
билет за некој културен настан, но ништо што е премногу гласно или екстремно во било кој поглед.
Скорпија
За припадниците на овој знак, прославата на Свети Валентин е и асоцијација за жесток секс. Секси долна облека, магично сценарио и ноќ посветена на партнерот…
Стрелец
Иако не гледаат на овој празник како на симбол за љубов, Стрелците со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата навистина ќе ги израдуваат, особено ако станува збор за нови работи кои ги немале до тогаш. Немојте да се чудите ако со денови претходно зборуваат дека не сакаат ништо за Валентин – тие само сакаат да остават впечаток на разумност.
Јарец
Ваучер за пазарување е најдобриот подарок за претставниците на овој знак. Доколку не можете да си го дозволите тоа тогаш уникатна книга би била добар избор.
Водолија
Припадниците на овој знак дефинитивно се најголеми противници на комерцијализација на Денот на вљубените. Тие не сакаат од нив нешто да се очекува за подарок, ниту пак очекуваат од партнерот било каков подарок. Сепак, ако се тазе вљубени ќе посакаат да го прослават денот, иако ни самите не знаат како.
Риби
Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа на романтичните Риби. Со оглед на тоа што вложуваат многу емотивни односи, и нивните очекувања се големи. Мечтаат за патувања, романтична вечера и танц на залезот на сонцето. Ако нивниот партнер не го посакува истото, ќе бидат разочарани и тажни.