ХОТЕЛОТ ИБИС СТАЈЛ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАРАНТИН- ПРИМЕНИ ПРВИТЕ 59 ЛИЦА

/

Педесет и девет лица кои синоќа влегле на Деве Баир и од Косово, се сместени во карантин во хотелот Ибис Стајл.

Во хотелот се распоредени и 6 полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои се менуваат на смени 24/7.

Од „Аџибадем Систина“ информираат дека собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација.

Обезбедени од болницата се и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна.



Лицата со симптоми на Ковид 19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, 4 лица кои вчера вечерта имаа покачена температура на проверката, веднаш беа испратени во Инфективната клиника, велат од Систина.



Претходна статија

ОД ДЕНЕСКА ВО 14 ПУНКТОВИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ЌЕ СЕ ЗЕМААТ БРИСЕВИ ЗА КОРОНАВИРУС

Следна статија

ИМАМЕ СТАБИЛНИ РЕЗЕРВИ НА КРВНИ ПРОДУКТИ И КРВОДАРУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА

Најново од Вести