И УБАВИТЕ ЦВЕТОВИ, УБАВИ СЕ САМО НЕКОЕ ВРЕМЕ- МУДРОСТИ
1. Кој ја бара вистината, мора да знае и како да ја поднесе.
2. Човекот кој знае да го прикрие своето незнаење, знае многу повеќе.
3. Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува.
4. Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.
5. Престани да размислуваш за своите граници, започни да ги откриваш своите можности.
6. Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита.
7. И убавите цветови, убави се само некое време.
8. Храбар е оној кој признава дека е кукавица.
9. Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќа кое ти го дава љубовта.
10. Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.