|

Идалија ја опустоши Флорида: 400.000 луѓе без струја, ураганот продолжи да беснее

Ураганот Идалија ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Невремето предизвика поплави во некои области и остави повеќе од 400.000 луѓе без струја. Видеата и фотографиите од социјалните мрежи ја откриваат драматичната состојба.

A resident in Perry, Florida, captured this wild video of a tree snapping and crashing down in front of his house as Hurricane Idalia blew through the region: pic.twitter.com/RvR6KaMUXr

— AccuWeather (@accuweather) August 30, 2023

Ураганот од трета категорија, со ветрови до 200 км/ч, помина низ градовите во Флорида на западниот брег на државата пред да се упати кон внатрешноста и во државата Џорџија.

Been up for more than 32 hours and can barely keep my eyes open. I’ll post much more tomorrow.

In the meantime, here’s a short clip taken in #Perry, Florida during the very intense western eyewall of #HurricaneIdalia. pic.twitter.com/sRUfQgCvhq

— Tony Brite (@tbrite89) August 31, 2023

Вкупната штета сè уште се проценува, но долж брегот постои чувство дека Идалија можела да донесе многу повеќе уништувања.

До средата навечер, повеќе од 225.000 луѓе сè уште беа без струја на Флорида, а уште 230.000 беа во темнина во Џорџија, јави Би-Би-Си.

Strong winds from Hurricane Idalia nearly blew over WFTS reporter Paul LaGrone in Keaton Beach, Florida. pic.twitter.com/2xKSrJc3y7

— CNN (@CNN) August 30, 2023

Околу 40.000 работници во Флорида беа во состојба на готовност во средата наутро за да ја вратат електричната енергија откако ќе помине невремето.

Идалија ослабна до тропска бура додека минуваше низ Џорџија, иако со себе сепак донесе силни ветрови и потенцијално опасни по живот бури. Крајбрежните и поплави во внатрешноста се очекуваат во делови на Џорџија, како и во Јужна Каролина и Северна Каролина, бидејќи невремето во четврток го пробива патот по југоисточниот брег на САД.

Hurricane Idalia made landfall in Florida’s Big Bend as a Category 3 storm, according to the National Hurricane Center. Video captured near Perry, Florida, shows powerful winds knocking over a gas station.

Follow live updates here. https://t.co/G13EX01HGO pic.twitter.com/rQg2ZE5JmV

— CNN (@CNN) August 30, 2023

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата предупреди дека бурата „останува многу опасна“. Повеќе окрузи на Флорида останаа под наредба за евакуација од средата навечер.

Официјални лица за управување со итни случаи на Флорида изјавија дека Пери, историски град со 7.000 жители југоисточно од Талахаси, е едно од најтешко погодените места.

Hurricane Idalia caused devastating damage to homes in Florida’s Big Bend with maximum sustained winds of 125 mph. pic.twitter.com/IbZiC201WE

— AccuWeather (@accuweather) August 30, 2023

Ураганот урна далноводи во градот и уништи продавници во центарот, каде се запалија неколку објекти. Едно видео покажува како покривот на бензинска пумпа се превртел среде дождот и силните ветришта.

Сидар Ки е уште еден град кој беше силно погоден од Идалија.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, во средата рече дека примарниот фокус на државата сега е во напорите за закрепнување.

Florida Gov. Ron DeSantis (R) said Wednesday afternoon that power restoration efforts were ongoing as Hurricane Idalia’s core moved into Georgia.

“So far, there have been 262,000 accounts that had lost power have been restored, and there are more than 250,000 accounts that are… pic.twitter.com/UENJwi7E3Y

— The Washington Post (@washingtonpost) August 30, 2023

„Сè уште проценуваме што се случува на теренот на местата што беа први погодени“, рече ДеСантис на прес-конференција во Пери. Официјалните лица рекоа дека Идалија е најсилната бура што го погодила овој дел на Флорида во повеќе од 100 години.

Говорејќи за Би-Би-Си, градоначалникот на Талахаси, Џон Дејли, рече дека забележал дека бурите се влошуваат со текот на годините.

Olivia Gregg captured the moment a tree fell on her home in Perry, Florida, as Hurricane Idalia made its way through the region. Gregg says she and her family are OK, but the tree damaged part of their roof. pic.twitter.com/Q02SjT4h0y

— CNN (@CNN) August 30, 2023

„Изгледа дека се се помоќни, се чини дека се се поголеми и мислам дека тоа ни дава причина за пауза да размислиме за животната средина и глобалното затоплување и за она што го правиме“, рече Дејли.

Satellite imagery shows Hurricane Idalia — a category 1 storm at the time these images were captured — approaching Florida’s western coast. pic.twitter.com/3O5KmuMZmQ

— CNN (@CNN) August 29, 2023

Нема потврдени жртви од невремето, но патролата на автопатот на Флорида извести дека двајца мажи загинале во сообраќајни несреќи предизвикани од дождливите услови.



Слични Објави