| |

ИЛКОВ: НЕМА ПЛАСМАН ЗА БОСТАНОТ, КРОМИДОТ  И ЗЕЛКАТА- ГОДИНАВА ОСТАНАА НА НИВИТЕ!

Секојдневно сме сведоци на катастрофалната аграрна политика на Владата на СДСМ.

Пред доаѓањето на власт во предизборната кампања на СДСМ се ветуваше мед и млеко во земјоделието и подобар живот за земјоделците!

Но што добивме?

Добивме празни полиња.

Полиња на кои претходно земјоделците сееја разни полјоделски култури меѓу кои и лебното зрно.

Но, за жал поради лошата аграрна политика на Владата на СДСМ и откупни цени пониски од производните, лебното зрно се помалку го има на нашите полиња.

Македонските земјоделци се повеќе не се во можност да обезбедат основни средства за да ги обработуваат нивите.

Раноградинарските култури како што се бостанот, кромидот и зелката годинава останаа на нивите, иако од страна на Владата на СДСМ јавно сите бевме убедувани дека откупот се одвива непопречено и континуирано. Но македонскиот земјоделец знае дека откуп немаше или беа понудувани цени од 2 денари за килограм лубеница, 5 денари за килограм кромид и зелка.

И покај тоа министерот за земјоделие Љупчо Николовски не се одважи да ги посети земјоделците од Општина Гевгелија откако е назначен на оваа функција.

Се водеше голема медиумска кампања дека ќе се зголеми цената на винското грозје, но за жал и покрај катастрофалната година која беше проследена и со невреме цената на винското грозје остана непроменета.

Меѓутоа затоа се промени цената на дизелот и тоа за двојно повисока цена во однос на претходните години а секако во тоа придонесе и дополнителната давачка од 3 денари по литар која ја наметна владата на СДСМ.

Меѓутоа во предизборната кампања на СДСМ беше најавувано дека за македонскиот земјоделец ќе се обезбеди зелена нафта која ќе биде со значително пониска цена од редовната цена на нафтата на пазарот.

Но за таа нафта досега нема ниту план ниту се планира да се даде а веќе се ближи времето и за новата есенска сеидба на житариците.

Само за споредба :

• за 1 литар нафта потребни се повеќе од 8 килограми пченица,

• за 1 литар нафта потребни се повеќе од 10 килограми зелка

• за 1 литар нафта потребни се повеќе од 6 килограми грозје.

Предизборно СДСМ постојано ги споменуваше субвенциите и нивното редовно исплаќање но и зголемување на истите.

Меѓутоа секојдневно се среќаваме со сточари и земјоделци кои немаат земено субвенции.

• Сточари кои немаат земено субвенции за предадено литар млеко,

• Земјоделци кои немаат земено субвенции за полјоделство,

• Земјоделци кои немаат земено субвенции за раноградинарство,

• Како и земјоделци кои немаат земено субвенции за органско производство.

Новата власт на СДСМ ветуваше живот, ама не и живот за македонските земјоделци и македонското земјоделие.

Слични Објави