|

Има опасност браната Липа во неготинско да се сруши

Браната Липа во неготинско е оштетена и има опасност од рушење на дел од насипот. Ова го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој денеска го посети местото.

Ангелов се сретна со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа и со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана оштетената брана.

По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од страна на ЦУК.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави