|

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА: ПАЦИЕНТКА СЕ ЗАКАНУВАЛА НА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Штипјанка се однесувала агресивно и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил пријавен вчера по што полицијата од слобода ја лишила 46-годишната С.Р. од Штип.

Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Што се однесува за соостојбата со ковид-центарот, таа е нормализирана. Во моментот имаат 27 слободни кревети, на Инфективното одделение се лекуваат 32 пациента, на одделот за Анестезиологија уште тројца со потешка клиничка слика, а додека кислородна поддршка добиваат вкупно 25 пациенти.

Слични Објави