|

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ ВО ЈУЖЕН ЛОНДОН

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад со нож во Јужен Лондон, јавуваат новинските агенции.

„Вчерашниот напаѓач во Стретам, Јужен Лондон, е борец на Исламска држава и неговата акција е дел од активностите за напаѓање на државјани на земјите од антиџихадистичката коалијација“, објави агенцијата „Амак“ поврзана со Исламска држава.

19-годишниот напаѓач беше застрелан од полицијата во Јужен Лондон, откако во неделата со нож повреди неколку минувачи.

Според информациите, напаѓачот издржувал казна за пропаганда на терористичка организација. Неговото минато предизвика дебата затоа што бил ослободен откако отслужил само половина од казната.



Слични Објави