ИЗБОРИ НЕ ТРЕБА ДА ИМА
Одговорот за иднината на Македонија на меѓународен и внатрешен план зависи од парламентот во Атина, што и да се изгласа таму, СДСМ треба да се посвети и да си ги среди работите внатре во земјата и да чека редовни избори.
Да, лош е капацитетот на СДСМ во институциите, многу е лош. Посебно е лош односот на функционерите на СДСМ кон сопствените членови и кон неопределените. НА СДСМ ВЕДНАШ ИМ ТРЕБА:
1. Еден тинк/тенк за да се разбудат градоначалниците.
2.Еден тинк /тенк кои би се грижел за централната власт.
3. Промените во PR на Владата се неопходни и мора да бидат брзи. Ако тие промени не се случат, тоа ќе го чини СДСМ победа на наредните избори.
Ако грчкиот парламент не го ратифицира Преспанскиот договор, несомнено е дека македонската влада ќе падне. Доколку Владата падне ќе биде неопходна експертска влада со полни овластувања за спроведување на попис, промени во изборниот закон и ревизија на избирачкиот список во период од година- година и половина. Таквата влада ,доколку Грчкиот парламент не изгласа би го вратила времето малку поназад и голем дел на функционерите ВМРО-ДПМНЕ ќе си завршат прописно во Шутка.
Така да нека се молат од ВМРО-ДПМНЕ да помине она во грчкиот парламент оти заминаа јабана. Во првиот случај -СДСМ би победиле со лик од Шарената Револуција прифатлив за албанскиот лекторат За цврст СДСМ функционер – НЕ ЗНАМ На крај се надевам на исход во грчкиот парламент и се под точка А . Колку и да звучи нелогично и лошо, дали 50-тина финкционери на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат во затвор или не ,зависи од гласањето на парламентот на Атина. Но… бидејќи умот на главните ликови во ВМРО-ДПМНЕ не им сечи, тие не можат да сфатат дека со гласањето против во Атина, ситуацијата овде ќе биде под странска контрола и секако СЈО. Останува да причекаме што ќе одлучи Атина за нашата иднина и внатре и надвор ..се надевам дека од нивната одлука нема да нѐ спотера за понадвор.
Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар