|

ИЗГОРЕ КУЌАТА НА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД КРИВОПАЛАНЕЧКОТО СЕЛО ЛУКЕ

Во пожар кој избувна синоќа и гореше до раните утрински часови,  до темел изгоре семејната куќа на Р.А. од селото Луке, Кривопаланечко.

Од Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка, информираат дека дојавата ја добиле во 19 часот и 44 минути, но според проценките пожароти веројатно избувнал околу 18 часот. Го пријавиле соседите, откако по обидите да го гаснат, во услови на врнежи од дожд, не успеале.

„Нашата екипа поради непристапноста на теренот побара помош од уште едно теренско возило кое веќе за 15-тина минути беше на локацијата и петмина пожарниакри го гаснеа пожарот до 1 часот и 15 минути утринава. Целата куќа на ова четиричлено семејство, за жал, е изгорена, но спречено е ширење на пожарот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Слични Објави